Македонија

Касами: Коалицијата на Беса и СДСМ е историска одлука

Лидерот на Беса, Биљал Касами во гостувањето на ТВ21 во „Избори дебати“, рече дека коалицијата со СДСМ е историска одлука.

„Поминавме пет изборни циклуси. Да беа изборни циклуси секои четири години, ќе имамве интензивно политичко искуство, за кое во некоја нормална држава би требало да поминат некаде од 15 до 20 години за да го создадеш тоа политичко искуство“, рече Касами.

https://business.facebook.com/673190229477851/videos/296086611750187/

Додава дека постигнатиот договор со СДСМ ќе донесе промени на овие избори.

„Оваа одлука се однесува за иднината на РСМ и на Албанците во нивните населени места.  За прв пат имаме коалиција која што ја рефлектира мултиетничката реалност на Македонија, и на нејзината разноликост од аспект на етничката припадност на нејзините граѓани“, додава Касами.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни