Касами по 4 години се одлучи да го украси Тетово, предвидени 24 илјади евра!

Оваа година и Тетово, по четири години, ќе добие новогодишен сјај.

Советот на општината одржала седница на која е донесена одлука за измена во Програмата за активности во областа на културата во 2025 година со цел да се предвидат средства за новогодишно украсување на градот.  

Предвидени се еден милион и петстотини илјади денари или над 24 илјади евра за оваа намена.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица, СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, информираше претседателот на Советот, Јусуф Абдули.