Претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, придружуван од потпретседателот Кастриот Реџепи, го посетија Црногорскиот парламент. Во Собранието на Црна Гора беа поздравени од заменик-претседателот на Парламентот Генц Ниманбагу. Средбата е за политичките факти во регионот и координација и размена на политичките искуства.
Црна Гора како 29-та членка на НАТО ги поддржа политиките на Македонија за нејзино членство.
Албанците во Црна Гора со своето гласање ја ослободија Црна Гора од власт на Србија и ја отворија евроатланската рута. Додека Албанците во Северна Македонија беа одлучувачки во кршењето на руското влијание, рече Билал Касами. Соработката во областа на политиката образованието, културата, туризмот, интеграцијата, европските фондови ќе бидат приоритет на соработката меѓу албанската политичка фракција во Северна Македонија и Црна Гора.