Катар го осуди иранскиот ракетен напад врз американска база

Катар остро го осуди иранскиот ракетен напад врз американската воздухопловна база Ал-Удеид, оценувајќи го како груби кршење на суверенитетот и безбедноста, со најава за можен директен одговор.

„Сметаме дека ова е флагрантно кршење на суверенитетот на Катар, нејзиниот воздушен простор и меѓународното право, како и Повелбата на Обединетите нации. Катар го задржува правото директно и пропорционално да одговори на природата и обеммот на оваа дрска агресија во согласност со меѓународното право“, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар.

Во соопштението се наведува дека катарските противвоздушни сили успешно ги пресретнале сите ракети лансирани од Иран.