Илјадници луѓе излегоа на улиците на Валенсија во пресрет на првата годишнина од историските поплави во шпанскиот град.
Катастрофата одзеде животи на 229 луѓе.
Од поплавата на 29 октомври минатата година, секој месец на трагичниот датум, семејствата кои ги загубија своите најблиски и илјадници шпански граѓани бараат правда и оставка од регионалниот премиер Карлос Мазон.
Причината – Мејзон го активираше системот за рано предупредување за населението 12 часа подоцна.
Синоќа, околу 50.000 Шпанци ги исполнија улиците на Валенсија и скандираа „Оставка“ и „убиец“.