Катерина Костова нова в.д. директорка на Зоолошката градина во Скопје

Скопската Зоолошка градина доби нов в.д. директор.

На чело на ЗОО Скопје од денеска ќе стои Катерина Костова, откако нејзиниот претходник, Зоран Попов, поднесе оставка.

Според информациите, Костова е избор на скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски.

Таа веќе е дел од тимот на Зоолошката градина, каде работи во правниот сектор.

За САКАМДАКАЖАМ.МК, Костова потврди дека е назначена на функцијата и дека веднаш започнува со активности за подобрување на условите во градината.