4NEWS.mk
Катица Јанева со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд

Екс шефицата на СЈО Катица Јанева со полициска придружба пристигна во Кривичниот суд. Заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец денеска за прв пат ќе седнат на обвинителна клупа з сличајот Рекет.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Зоран Јаневски
