Целосно формално стапување на Договорот од Преспа не е на сила сѐ уште, а тоа ќе се случи по ратификација на протоколот за членство во НАТО, изјави за „Њуз247“алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Јоргос Катругалос.
-Целосното формално стапување во сила на договорот ќе се случи по ратификацијата од наша страна на протоколот за членство. Според тоа ќе постои еден мал временски период во кој, иако е изгласан договорот, формално и правно не е во сила, вели Катругалос.
Картугалос изјави дека во однос на тоа и по ратификацијата од грчкиот Парламент, македонскиот премиер и понатаму го користи името Македонија, а не Северна Македонија, предизвикува реакции во грчките медиуми.
-Договорот од Преспа јасно вели дека ние се согласуваме за почеток на пристапни преговори, тоа го пишува во текстот и тоа очигледно значи дека задржуваме секаква можност што имаме, како што имаме за сите соседни земји од Западен Балкан кои ги поддржуваме за европската перспектива, но со два предуслови кои што се подразбираат: почитување на европското законодавство и на добрососедските односи.