Каума: Граѓаните во Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи

Претседателката на Парламентарното собрание на ОБСЕ Пиа Каума, на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје посочи дека граѓаните во Македонија изградија успешно мултиетничко општество, а државата демонстрираше успешна дипломатија со своите соседи и најдобро ја разбира важноста на позитивнот ангажман во ОБСЕ.

Според неа, Организацијата ја препознава непоколебливата посветеност на Македонија кон изнаоѓање решенија за создавање мир и стабилност, а потенцираше и дека влијанието на руската агресија врз Украина останува во фокусот на целиот регион.

„Суровоста и страдањата на украинскиот народ се во фокусот на нашето внимание. Не смееме да останеме слепи при очиглендата агресија и некоректното насилиство на Русија врз Украина. ОБСЕ се соочува со повеќе предизвици. Исто така, и Централната Азија ја има нашата континуирана внимателност, со оглед на тоа што регионот се соочува со криза, по терористичкиот напад што почна на 7 октомври, и ова секако има огромно влијание врз останатите држави, рече Каума.

Таа порача дека луѓето во Македонија изградиле успешно мултиетничко општество, а државата демонстрирала успешна дипломатија со своите соседи.

„Во време на повеќе предизвици со кои се соочуваме, работата на ОБСЕ е од клучно значење. Ние во Парламентот даваме поддршка кон Украина, што јас ја имам честа да го водам. Моето претседателство ќе продолжи да го приоритеризира засилувањето на нашиот ангажман кон мир и стабилност. Ќе продолжиме да ги адресираме предизвикувачките теми и да нудиме решенија на владите на земјите членки. Соработката со земјите членки ја покажува ефективноста на нашата работа. Ќе продолжиме со поддршката кон Украина и ќе работиме заедно за инзаоѓање на решение за создавање мир и стабилност“, рече Каума.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното