Жена од Кавадарци е пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавниот обвинител, телото е испратено на обдукција, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
Како што објаснуваат од полицијата, синоќа во 23:40 часот, ќерката на починатата, Д.Т., ја пријавила смртта на нејзината мајка, С.С.С., која имала 52 години. Таа ја пронашла мајката почината во станот каде што живееле, со повреди по телото.
Лекар од Кавадарци констатирал смрт, а на местото на настанот пристигнале увидна екипа од ОВР-Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО-Кавадарци. По нивна наредба, телото било испратено на обдукција.
Од СВР Велес најавуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.