Македонија

Казни од 250 евра за родителите на насилни ученици – најавени измени во законот

Казни од 250 евра за родителите на насилни ученици – најавени измени во законот

Во завршна фаза се подготовките за измените на Законот за основно образование, со кои се предвидува воведување на финансиска одговорност за родителите чии деца вршат насилство во училиштата, информира министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Како што посочи министерката, државниот секретар е во постојана комуникација со пратениците во Собранието со цел да се дооформат предложените законски измени, кои ќе се разгледуваат во собраниска процедура.

Според најавеното решение, се предвидува парична казна од 250 евра за секое утврдено насилно дело извршено од ученик, а казната би ја подмирувале родителите или старателите.

Министерката Јаневска нагласи дека оваа мерка ќе се применува и во случаи кога родителите ќе одбијат соработка со училиштето и надлежните институции.

Со измените, надлежните очекуваат да се зголеми одговорноста на семејствата и да се намали училишното насилство преку построг систем на превенција и санкционирање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни