Ќе има ли предвремени парламентарни избори со локалните?! Али Ахмети кани на мегдан, Мицкоски вели подгответе се за одговорност

Ќе има ли предвремени парламентарни избори, заедно со локалните следната година во октомври. Ова прашање се наметнува откако лидерите на политичките партии почнаа со вакви меѓусебни прозивки. Последен кој тоа го направи беше Али Ахмети на средба со нивните симпатизери во Боговиње.

-Mицкоски вчера сам изјави дека во октомври следната година, односно една година од денес, ќе имаме предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори. Христијан Мицкоски е пред тест дали е човек кој стои на зборот или тоа го кажал само за да ја исплаши македонската опозиција. Македонската опозиција треба да биде храбра, бидејќи нема што да изгуби – нека се подготви добро за една година и нека се соочи на мегдан со ВМРО, а ние ќе бидеме на мегдан со сите оние што не размислуваат како нас, вклучително и оние кои денес се претставуваат како претставници на Албанците во институциите на државата.“, рече Ахмети.

Мицкоски му го испрати слетниот одговор:

„Ја чувствуваат и тие одлучноста на Владата за борбата против криминалот и корупцијата. Знаат се што имаат правено во изминатире 20 години, свесни се, и знаат дека полека, но сигурно доаѓа денот кога тие трреба да одговараат. И затоа како резултат на тој страв тие непринципиелно се храбрат и мислат дека на тој начин ќе магнетизираат повеќе гласачи. Мојата порака за нив е тие да се подготват за одговорност, а за избори кога ќе дојде време“, рече Мицкоски.

Со свој коментар се јави и Изет Меџити, министер во владата, од коалицијата Вреди.

Според Меџити, пред да закажува мегдани, ДУИ би било добро да одговори на јавноста на следните прашања:

-Kаква понуда содржат СМС пораките кои му ги испратиле на премиерот Мицковски во времето кога се преговараше за новата влада?!

-Kаква понуда ставија на маса во соба 161 во Парламентот емисарите на Европскиот фронт додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараа за новиот владин кабинет?!

-Дали е точно дека само две министерства и дека претседателот на парламентот не беше понудата на ДУИ за ВМРО само за да бидат повторно во Владата?!

ТВ21 контактираше и со лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Не сакаше многу да коментира, но сепак вели дека нивниот официјален став ќе го соопштат во понеделник на официјална прес конференција.

Самата тема за предвремени парламентарни избори следната година во октомври со локалните ја отвори Мицкоски на собраниска говорница во четвртокот за време на пратенички прашања. Ако сакате да одиме на избори, да се провериме. Заедно со локалните, беше одговорот на Мицкоски до Филипче, на прозивките дека треба да го врати мандатот, бидејќи пред да биде премиер велеше дека нема да употребува „Северна“ и по цена на премиерска позиција.