Состојбата во Националниот конзерваторски центар (НКЦ) е многу лоша и техничка и кадровска и итно треба да ангажираме квалификуван кадар, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Ангелина Поповска, директорката на овој центар, рече дека реализацијата на проектите се уште не е започната, поради малкуте одвоени ресурси, а пред се поради бавното работење на претходното раководство.
Министерот Љутков најави санација и ревитализација на гостинскиот конак во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј“ и дека следната година ќе се издвојат средства за надминување на ваквите состојби затекнати во објектот.

