Ќе живее во една од најмодерните куќи во Торино: Ова е новата куќа на Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо е еден од најбогатите спортисти во светот,oсвен тоа има големи приходи од спонзори и реклами.

Сега стигна во Јувентус, каде што ќе живее во Торино во следните неколку години, а долго време бараше нова куќа.

На крајот, Португалецот успеа да најде една вила во околината на Торино и секако тоа не е сосема обична куќа за познатиот фудбалер.

Новата куќа на Роналдо има три ката, дури осум спални соби, затворен базен и површина од неколку илјади квадратни метри, па со годишна плата од 30 милиони евра нема да му биде проблем да плаќа 40.000 евра дневно.