Забава

Кејт Мидлтон позира во златен фустан на премиерата на „No Time to Die“

Познатата војвотка од Кембриџ, Кејт Мидлтон остави силен впечаток на британската премиера на филмот „No time to die“ во Лондон.

Таа на црвениот тепих се појави во златен фустан украсен со светки и монистра, кој бил креација на Џени Пекам.

Својот елегантен стајлинг го надополнила со златни обетки, а покрај неа беа и сопругот и принц Вилијан, принцот Чарлс и војвотката од Корнвол, Камила.

Инаку, филмот ја имаше својата светска премиера 18 месеци подоцна од планираното, по неколкуте одложувања поради пандемијата на коронавирусот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни