Кешишев му бил десна рака на Палчо: Му правел јадење, а симпатизерите на „Десна“ ги служел со кафе и сок

Денеска во Кривичниот суд продолжува судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.

Во тек е сведочењето на обвинетиот Влатко Кешишев, кој одговара на прашања на судијата Ивица Стефановски.

Тој ја објасни неговата улога во партијата Десна, каде вели дека бил домар, но и таму престојувал.

Како што вели, редовно готвел храна за себе и Љупчо Палевски Палчо, а за гостите и симпатизерите правел и служел кафе и сок.

На прашањето дали секогаш го правел тоа што му кажувал Палчо, тој одговори „да, му бев како десна рака“.

Во однос на случувањата пред убиството на Панче, Кешишев раскажа за подготовките.

Тој порача дека знаел каде е дупката бидејќи претходно ја копал со Велибор Манев.

  • Колку време се задржаа таму, кај дупката – праша судијата.
  • Мислам околу 30 минути.
  • Слушнавте ли истрел? – рече судијата.
  • Се слушна, но не толку силно, бидејќи бев далеку – рече Кешишев.

Како што вели, кога бил убиен Панче тој бил далеку и не знаел што се случува.

Како што вели, не бил свесен за плановите кои воделе до убиство, а потоа бил предупреден да молчи.

„Првиот пат ме опомена Вељо кога ја завршивме дупката, дека „за ова не смее никој да знае, може и глави да летаат,“ рече тој, додавајќи дека го сфатил тоа како закана.

Во однос на снимките каде тој носи ранец во кои вели дека бил пиштолот, Кешишев вели дека истиот го земал од „кангуто“.

  • Дали во тој ранец претпоставувате дека бил пиштолот? – запраша судијата.
  • Не знам, не го отворав ранецот. Додека не ми кажат, не пипам ништо – рече Кешишев.

Прашан врз основа на што ја темели претпоставката дека во ранецот што го носел Палчо бил пиштолот, Кешишев вели „Мојата претпоставка е дека тој би се забележал на појасот на тој што го носи“.

На дополнителното прашање дали тоа значи дека се носи пиштол за да се оди да се грабне Панче одговори „Не знаев додека не се случи сето тоа што се случи“.

Во однос на прашањето дали автомобилот Рено Кангу било чистено, тој рече дека по настанот отишле на паркинг каде Палчо го избришал воланот со WD40.

„Се вратија со цитроенот, Вељо седна до мене на совозачкото седиште и ми кажуваше каде да возам. Се спуштивме на главниот автопат, ми кажуваше каде да свртам по стариот пат преку Катланово за Скопје. Стигнавме до првата населба Маџари. Велибор преку моторола се договори со Палчо каде да се паркираме. Имаше паркинг, се паркиравме, зад нас стигна Палчо во „цитроноет“ со Боре и го паркираа зад нас. Боре излезе од „цитроенот“, Палчо го избриша воланот од цитроенот со ВД 40, влезе во „кангуто“, до него седеше Вељо, а јас и Боре влеговме позади. Стигнавме до штабот, а „цитроенот“ остана на паркингот“ – објасни Кешишев.

Според најавеното, по сослушувањето на Кешишев, треба да сведочат таткото на Вања, Александар Ѓорчевски и Љупчо Палевски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното