Македонија

Дали кичевчанецот со мајмунски сипаници избегал од болница?

Дали кичевчанецот со мајмунски сипаници избегал од болница?

43-годишно лице од Кичево можеби е првиот регистриран случај на мајмунски сипаници во Македонија, а истиот по 3 недели престој во Австрија, побарал лекарска помош кога се вратил.

Одредени медиуми попладнево објавија дека на лицето му било препорачано да остане во болница и да се тестира за мајмунски сипаници, но истиот побегнал и не го посетил ниту матичниот лекар.

Директорот на кичевската болница Станко Трпески пак, за Телма вели дека е неточна информацијата за бегство на пациентот сомнителен на мајмунски сипаници.

Тој потврдува дека бил тежок за соработка со медицинските екипи, но целата процедура е запазена за да се утврди точна дијагноза со тестови за вирусот.

Пациентот бил хоспитализиран во болница, а имал изразени симптоми по неколкунеделен престој во странство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни