Кичевско и Мавровско-реканската коњаница утре во Прибилци

Кичевската коњаница од Манастирот Пресвета Богородица Пречиста и Мавровско-Горно реканската коњаница утре ќе пристигнат во селото Прибилци.

Според најавите, се очекува да пристигнат околу 20 часот каде ќе има свеченост за пречек збогатена со жива музика.

Коњаницата ќе преноќева во селото, а рано утрото ќе се упати кон славно Крушево на манифестацијата „Илинденски марш“ која ќе трае се до 2. Август „Илинден“.

Традицијата која со години трае, ќе ја продолжат утре комитите кои ќе пристигнат во Прибилци а потоа ќе се упадат кон Крушево.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното