Киев го разгледува Ватикан како потенцијално место за средба меѓу Зеленски и Путин

Киев е заинтересиран за директна средба лице в лице меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига, потврдувајќи дека Ватикан понудил да биде домаќин на разговорите.

„Можам да ви потврдам дека Ватикан даде предлози за организирање можни контакти, вклучително и на ниво на лидери“, изјави тој за „Еуроњуз“, додавајќи дека Украина е подготвена „да разгледа потенцијални места за таков состанок“.

Украинскиот претседател, исто така, разговарал за можна средба со својот американски колега, Доналд Трамп, додаде Шибига.

По телефонските разговори со Путин и Зеленски во понеделник, Трамп рече дека верува оти разговорот со рускиот претседател „поминал многу добро“ и дека „Русија сака да прави трговија од големи размери со Соединетите Држави кога ќе заврши ова катастрофално „крвопролевање“.

„Ватикан, претставуван од Папата, изјави дека би бил многу заинтересиран да биде домаќин на преговорите. Нека започне процесот“, додаде Трамп.

Украинскиот министер за надворешни работи изјави дека во неделата во Светата столица, за време на инаугурацијата на врховниот папа, имало „прекрасна, исклучително топла и значајна средба меѓу претседателот Зеленски и папата Лав XIV“.

Зеленски беше првиот лидер што се сретна со врховниот папа по неговата инаугурација, нагласи Сибига.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното