Кикбоксерот Лука Змејкоски освои Европски куп и титулата ја посвети на другарите кои загинаа во Кочани

Кикбоксерот Лука Змејкоски од клубот „Лидер“ – Виница блескаше на Европскиот куп „Гран при Сараево 2025“ и се закити со нова шампионска титула. Натпреварувањето, во организација на ВАКО, се одржа од 3 до 6 април и собра преку 800 учесници од 180 клубови од 20 земји.

Змејкоски доминираше во категоријата лоу кик апсолутна +81 кг. Во полуфиналето го совлада противникот од Босна и Херцеговина, а во финалето беше убедливо подобар од натпреварувачот од Молдавија. Со оваа победа, Змејкоски го задржа првото место на светската ВАКО кикбокс листа.

„Оваа титула ја посветувам на моите другари и другарки кои ги загубија животите во пожарот во Кочани. Лесна ви земја, ангели“, напиша Змејкоски на својот Фејсбук профил по победата.

Покрај сениорските борби, во рамки на истиот настан се одржа и „Сараево Гран при опен куп 2025“ за деца и помлади кадети. Македонија ја претставуваа 14 кикбоксери од седум клубови, додека на младинскиот Куп настапија околу 200 учесници од девет земји од регионот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното