Ким Кардашијан: Поради ChatGPT постојано паѓав на испити

Ким Карсашијан (45) откри дека користела ChatGPT за да учи за правосудниот испит, но се чини дека вештачката интелигенција не ѝ била од голема помош. Риалити ѕвездата и претприемачка го обвини популарниот четбот за нејзиниот неуспех на испитите.

Кардашијан зборуваше за својот необичен метод на учење како дел од серија интервјуа со Vanity Fair на детектор за лаги. За време на интервјуто, нејзината колешка од „All’s Fair“, Тејана Тејлор (34), ја праша дали го користи ChatGPT за животни совети, совети за состанување и дали го смета за пријател.

Откако одговори со „не“ на сите три прашања, Кардашијан призна дека побарала правен совет од ChatGPT. „Кога треба да го знам одговорот на некое прашање, го сликам и го ставам внатре. Тоа е она поради што порано паѓав на испити“, објасни таа. „А потоа полудувам и му викам“.

Тејлор ја надополни својата изјава прашувајќи: „Значи, Чет е твој пријател-непријател?“, на што Кардашијан одговори потврдно. „Да, пријател-непријател. И потоа вели: „Ова само те учи да им веруваш на своите инстинкти“. Значи, тој го знаеше одговорот цело време.“

„Значи, технички, ти и ChatGPT сте пријатели, само токсични пријатели“, заклучи Тејлор, на што Кардашијан се согласи. „Но, тој мора да биде подобар затоа што се потпирам на него навистина да ми помогне, а тој ми дава животна лекција, а потоа станува мој терапевт за да ми каже зошто треба да верувам во себе“, продолжи таа. Тестот со детектор за лаги потврди дека Кардашијан не лажела за нејзината интеракција со ChatGPT.

Патем, правосудниот испит во Калифорнија, кој Кардашијан се обидува да го положи, се состои од пет прашања за есеј од еден час, 90-минутен практичен тест и 200 прашања со повеќекратен избор, според TMZ.

Интервјуто доаѓа пред премиерата на нејзината нова серија „All’s Fair“, која се фокусира на адвокатска фирма за жени специјализирана за разводи. Во серијата глумат и Кардашијан, Наоми Вотс, Глен Клоуз и Ниси Неш-Бетс, а премиерата е на 4 ноември на стриминг-сервисот Hulu.