Цитирајќи извештаи од три увозни агенции, Кина ги укина реципрочните царини од 125 отсто за некои полупроводници произведени во САД, според Си-Ен-Ен.
Исклучоците се однесуваат на интегрираните кола, познати и како микрочипови или полупроводници, се вели во извештајот.
На 12 април, Кина ги зголеми своите реципрочни царини на 125 отсто за сите стоки со потекло од САД, како одговор на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги зголеми тарифите за кинески стоки на вртоглави 145 отсто, што ја ескалира трговската војна меѓу двете суперсили.
Неодамна американскиот министер за трговија Хауард Лутник објави дека САД привремено ги укинале царините за увоз на електроника и полупроводници од Кина и дека планираат да воведат секторски царини за нив во наредните месеци, пренесува РТ Балкан.