Кирацовски: Дел од уставните амандмани денеска ќе бидат доставени до Собранието

Дел од нацрт уставните амандмани денеска ќе бидат доставени до Собранието на Република Македонија, а постапката ќе почне да се реализира од понеделник па понатаму. Ова денеска го најави пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

Тој појасни дека е потребно по три дена за амандман во собраниската комисија па подоцна и на пленарната седница.

„Доколку сите амандмани, оние што ги знаеме и ги очекуваме да бидат доставени, тоа ќе одземе околу два – два и пол месеци за комплетниот процес“, изјави Кирацовски.

„Се надевам и убеден сум дека сите пратеници интегративно ќе учествуваат во дебатата за поднесените амандмани, во подобрување на оние амандмани кои се евидентни и сите заедно да го заокружиме процесот што не движи напред кон ЕУ и НАТО“, рече Кирацовски.