Свет

Кличко: Од утре во Киев стапува на сила забрана за продажба на алкохол

Ситуацијата во главниот град на Украина – Киев останува тешка и тензична, а полицискиот час ќе започне во 20 часот. Од утре, 1 март, во Киев стапува на сила и забрана за продажба на алкохолни пијалоци, објави денеска градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

– Од утре во главниот град е строго забранета продажбата на алкохолни пијалоци. Апсолутно. Посебно внимание посветувам на сопствениците на продавници и синџири на аптеки. Покачувањето на цените на храната, основните продукти и лековите, за време на војна не е ништо подобро од грабеж, изјави Кличко.

Јавниот транспорт во Киев ќе престане со работа во 19 часот и ќе продолжи да сообраќа наутро во 8 часот.

Кличко, нагласи дека цивилите кои ќе се движат низ градот за време на полицискиот час без посебна пропусница ќе се сметаат за членови на непријателски диверзантски групи и дека може да ја напуштат куќата за време на полициски час во случај на воздушен аларм за да отидат до најблиското засолниште.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни