Клименов: Дејан Манасиев беше шеф и ги исплаќаше келнерите

Сведокот Бојан Клименков другар на загинатиот Петар Иванов, бил келнер во „Пулс“, но таа вечер бил таму како гостин. Сведочејќи за „Пулс“ рече дека Дејан Манасиев бил шефот и дека тој исплаќал заедно со Михајло и Дејан Јованов Деко.

Дејан е сведокот кој сведочеше на 2-ри февруари и за кој родителите на загинатите тогаш рекоа дека е срамота да лаже.

Денешниот сведок за првпат директно спомена Михајло дека бил задолжен за Пулс.

Според него, сопственикот Дејан Јованов се обидел да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но без успех, по што било упатено предупредување сите да излезат надвор.

Клименков ги посочи и лицата кои помогнале во спасувањето на присутните, меѓу кои Лазар Захариев, Методиј Клименков, Мартин Јосифов и Драган Петрушев. Откако бил извлечен од објектот, тој се онесвестил и подоцна паднал во кома.

Сведокот додаде дека посетителите однапред знаеле кога ќе има полициски инспекции за малолетници и по нивното заминување повторно се враќале во објектот.

Судењето за трагедијата во „Пулс“ продолжува на 5 март, кога се очекуваат нови сведочења и дополнително расветлување на околностите под кои избувнал пожарот.

Сведочењето на Манасиев во продолжение: