Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Живот

КЛОИ КАРДАШИЈАН ПОВТОРНО СКРШЕНА: Има дете со друга, па сега се извинува!

КЛОИ КАРДАШИЈАН ПОВТОРНО СКРШЕНА: Има дете со друга, па сега се извинува!

И токму кога сите помислија дека Тристан Томпсон и Клои Кардашијан се посреќни од било кога, следеше веста дека кошаркарот чека бебе со друга жена.

Тристан Томпсон потврди дека е татко на бебето родено од Марали Николс.

На Инстаграм напиша дека добил син со инструкторката, а и се извини на поранешната партнерка Клои Кардашијан:

„Денес резултатите од тестот за татковство покажаа дека сум татко на дете родено од Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога татковството е докажано, со нетрпение очекувам да го воспитаме нашиот син заедно. Искрено им се извинувам на сите што сум ги повредил и разочарав, приватно и јавно“, напиша тој.

Тој потоа додаде: “Клои, ти не го заслужуваш ова. Не го заслужуваш скршеното срце и понижувањето што ти го нанесов. Не заслужуваш како што се однесувам со тебе со години. Те почитувам и сакам, па што и да мислите. Повторно, многу ми е жал“, продолжи Томпсон.

Да потсетиме, Николс го тужеше Томпсон. Таа пред судот изјави дека двајцата имале секс за неговиот 30-ти роденден во март, што резултирало со нејзина бременост. Томпсон призна дека спиел со Николс, која воедно му била тренер, но одбил да признае дека е татко на детето кое е родено на 1 декември.

Кошаркарот побара од Николс да направи ДНК тест за да го докаже неговото татковство, што таа и го направи.

„Наместо да се фокусирам на негативни работи, избирам да го прифатам мајчинството и да го направам најдоброто што можам за мојот син. Не сакам медиумско внимание, ниту пак сакам да бидам во врска со Тристан“, рече Николас.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни