Коалиционите партнери во војна – Костадинов го прозва случајот „Пациентот со Бујар Османи“

По донесувањето
на законот за Јавно обвинителство, СДСМ на неколку наврати го обвинува
ВМРО-ДПМНЕ за противење на донесување на овој закон. Денес беше прозван и
функсионер на нивниот коалиционен партнер ДУИ, поточно  досието  „Пациент со Бујар Османи.“

Костадин Костадинов од СДСМ вели дека ВМРО ДПМНЕ силно се противеше на законот за да го заштити Никола Груевски и својот и криминал.

„Тоа се предмети во кои како осомничени се појавуваат функционери на ВМРО ДПМНЕ. Досието Моќник во кое осомничен е Антонијо Милошоски, предметот Актор во кој за одговорни се сметаат Никола Груевски и Миле Јанакиевски. Понатаму, случајот Империја во кој се осомничени Орце Камчев и Сашо Мијалков, предметот Друмарина со Силвана Бонева, досието Пациент со Бујар Османи, како и други случаи кои имаат шанса да завршат со обвинителни акти и судски пресуди“, истакна Костадин Костадинов.

Но за обвинувањата кои ги наведува Костадинов, реагираше потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски. Тој вели дека СДСМ направи бомбите да не се користат за доказен материал за да го сокрие крименалот кој го има направено.

„Апсолутно не е точно, единствен кои што сакаше да се донесе закон по мерка за амнестирање за сопствениот криминал, кои можеби ќе му биде четврта или пета амнестија на Заев, затоа толку долгу трае преговорите, затоа беа толку уцени и притисоци од страна на Заев. Дотоку сакаа закон за обвинителство согласно правото и правдата тие ќе го прифатија новиот закон кој што требаше да се изгласа да го креираат и изгласаат експертите. Но тие отидоа еден чекор со тоа што и основната работа за која ја поништија бомбите да бидат докази“, додаде Димче Арсовски. 

Бујар Османи не секаше да ја коментира изјавата на Костадинов и неговиот прозив за случајот кој е вмешан Бујар Османи. Инаку во октомври во 2018 година СЈО покрена истрагата под кодно име „Пациент“. Постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување на службени и одговорни лица во постапки по јавни набавки за извршување на градежни и градежно – занаетчиски работи во повеќе Јавни здравствени установи низ државата. Во истрагата се вклучени 15 лица, меѓу кои Османи.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното