Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, на денешната прес-конференција во врска со навредите кои ги упати кон Петровска на вчерашните пратенички прашања вели немав намера никого да навредам, знае и таа сама но вака и чини да изиграва жртва.
-Веќе изразив желење. Таа самата го знае тоа дека немав намера никого да навредам но вака и чини да изиграва жртва. Ниту една туѓа навреда кон мене нема да ме натера да навредувам. За мене таа тема е затворена и се фокусирам на мојата работа за која имам одговорност. Им пречам затоа што темелно си ја работам работата чекор по чекор. Цел сум на лажни соопштенија и изјави со месеци, па не слушнавте од мене да излезам и да се жалам, изјави министерката како одговор на новинарско прашање.