Министерот за навдорешни работи на Израел, Ели Коен денеска во изјава за медиумите пред учеството на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ што се одржува во Скопје, порача дека има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС.
Според него, прекинот на огнот ќе продолжи се додека тие ги ослободуваат заложниците, но по примирјето ќе ја подолжат војната.
„7 октомври беше трагичен ден за Државата Израел. Ние всушност видовме дека истата земја која се бори и ја поддржува борбатаа против Украина го прави истото против Израел. Има само еден одговорен за масакрот на 7 октомври за заложниците и војната која започна, за страдањата на луѓето во Газа, а тоа е Хамас – ИСИС. Ќе продолжиме да се бориме додека не ги вратите сите заложницо и додека не го елиминираме Хамас. Светот треба да биде обединет да ја ослободиme Газа од Хамас – ИСИС со цел да осигураме дека такви злосторства нема да се повторат никаде во светот“, вели Коен.
На новинарско прашање околу тоа колку блиску се до постигнување мир, Коен порача дека се одлучни да продолжат во борбата.