Кога Барон зборува на словенечки, и Тајната служба замолчува – Меланија го одгледала и воспитала својот син за корените

Барон Трамп, најмладиот син на американскиот претседател Доналд Трамп, течно го зборува мајчиниот јазик на неговата мајка Меланија. Малку се знае за неговиот живот, бидејќи пораснал далеку од очите на јавноста.

Меѓутоа, светот беше преплавен со информации дека Барон, кој има 18 години и пораснал под силно влијание на неговата мајка Меланија Трамп, течно зборува словенечки, нејзиниот мајчин јазик.

Ова, според пишувањата на странските медиуми, предизвикало незадоволство кај Доналд Трамп, кој во тие ситуации се чувствува исклучен од разговорот меѓу Меланија и Барон.

Мери Џордан, авторката на книгата „The Art of Her Deal“, откри дека Барон понекогаш зборува на словенечки со агенти на американската тајна служба, кои не го разбираат јазикот.

– Во семејството постои еден вид мала заедница, која ја сочинуваат Меланија, нејзините родители и Барон, а сите зборуваат словенечки – изјави Џордан за CBS News.

Доналд Трамп го изрази своето незадоволство бидејќи не разбира за што зборуваат, бидејќи никогаш не се обидел да научи словенечки јазик. Тајната служба, како и поранешниот американски претседател, исто така не го разбира овој јазик.

Заштитниот однос на Меланија кон Барон

Меланија Трамп, родена во Словенија, отсекогаш го штитела Барон, обидувајќи се да го држи подалеку од медиумскиот притисок и дозволувајќи му да ја одржува својата приватност. Двојката се венча во 2005 година, а Барон е роден во 2006 година.

За разлика од постарите деца на Трамп, кои беа активно вклучени во јавниот живот, Барон долго време остана надвор од очите на јавноста, благодарение на инсистирањето на Меланија на приватност. Меѓутоа, во последно време Барон се почесто учествува на јавни настани.

Барон зборува три јазици

Во интервјуто што Меланија го даде за списанието People во 2009 година, Меланија потврди дека Барон зборува 3 јазици – англиски, француски и словенечки.

Меланија и претходно јавно ја истакна важноста од познавање на јазикот, но ја истакна важноста од користење на англискиот јазик во Америка.

– Мое мислење е дека колку повеќе јазици зборувате, толку подобро, но кога ќе дојдете во Америка, треба да зборувате англиски – рече Меланија.

Исто така пред многу години, кога Барон бил дете, Меланија како гостин во една емисија потврдила дека нејзиниот син одлично зборува англиски и словенечки и дека лесно се префрла од еден на друг јазик.

– Одлично зборува словенечки, без проблем зборува со моите родители на словенечки – изјави тогаш Меланија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното