Кога на бебето може да му дадете малку поцврста храна?

Бебињата на возраст од четири до шест месеци се подготвени за поцврста мека храна, секако секое бебе е различно, но постојат показатели за подготврноста околу тоа.

Најважно е да имате контрола врз држењето на вратот и главата. Детето тука некаде, веројатно, ќе почне и само да покажува посебен интерес за храната во чинијата на возрасните…

Прво, треба да му дадете на детето помали делови, а потоа постепено да ги зголемувате.

Секогаш проверувајте дали храната е правилно сварена и /или испасирана.

Важно: Избегнувајте тврда храна, како што се кикирики, индиски ореви, бадеми и слично, за да се избегне задушување.

Препорачливо е прво да ја вклучите следнава храна во исхраната на малечкото…

  • Зеленчук

Може да се почне со сладок компир, морков или грашок. Доколку бебето ги одбие, обидете се следниот ден повторно. Важно е да не се откажувате.

  • Житарки богати со железо

Тука, пред сѐ, спаѓаат пченицата и овесот.

  • Овошје

На одредена возраст на бебето можете да му дадете згмечени банани, јаболка, круши или праски. Чистото авокадо е дозволиво и многу здраво, зашто содржи многу здрави масти.

  • Храна што содржи железо спречува анемичност.

Суво грозје, путер од кикирики и спанаќ може да бидат особено корисни за развојот на едно дете.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното