Нутриционисти од САД објавија кога е најдоброто време за пиење на омилениот утрински пијалок.
Според нив, кафето треба да го пиеме 30 минути по будењето.
Тие велат дека пиењето кафе 30 минути по будењето може да биде една од најсоодветните работи за телото во целина.
„Тоа го потиснува апетитот и на тој начин не се брза со гладта и храната наутро“, се додава на веб страницата „She Finds“.
„Пиењето кафе на празен стомак или со првиот оброк во денот, може да спречи прејадување и да доведе до губење тежина“, потврдува д-р Лиза Ричардс.
Според нутриционистите, кафето може привремено да го претвори телото во „машина за согорување маснотии“ и тоа е доста корисно за слабеење.
Но, брзиот метаболизам благодарение на утринското кафе, нема траен ефект, па затоа е важно и појадокот да биде богат со хранливи материи.