„Кој е следен?“ со поддршка за маршот во Кочани: Да не останат сами, да нема следни!

Движењето „Кој е Следен?“ ги повикува граѓаните да им се придружат и на родителите на загинатите во Кочани, кои секоја сабота во 16:05 се собираат во „Паркот на револуцијата“ во Кочани и маршираат низ улиците на градот барајќи неселективна правда.

Сите граѓаните кои сакаат да одат во Кочани и да го поддржат протестот на семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, треба да се пријават за да се организира превозот.

„ОДИМЕ ЗА КОЧАНИ да го поддржиме „Маршот на Ангелите“. Граѓаните на Кочани протестираат макотрпно секоја недела и потребна им е нашата поддршка! Доколку ви треба превоз или можете да понудите превоз пријавете се на формуларот во био. Собир: 12:00 часот, паркинг меѓу С.Ц. Јане Сандански и Хилтон. Поаѓање: 13:00 часот. Да не останат сами! Да нема следни!“, пишува во објавата на „Кој е следен“ на социјалните мрежи.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното