Предложените измени на законот за посебни права на „бранителите“ и нивните семејства се усвоени како точка на дневниот ред на пленарна седница, сепак на дневен ред на матичната комисија, за Социјална политика и демографија го нема. Според деловникот, како точка на дневен ред во Комисијата требаше да се најде не подолго од 24 часа. Претседателката на Комисија Илире Даути од Европскиот фронт за ТВ21 изјави дека додека таа е претседател на комисијата овој предлог закон најверојатно нема да се најде на дневен ред. Додава дека, друго прашање е дали претседателот на Собранието, Африм Гаши ќе одлучи да свика седница и да го стави овој предлог закон како точка на дневен ред.
„Што се однесува до другите прашања кои претседателот на Собранието може да ги преземе од мене како претседател на комисијата и да ги префрли на таа комисија, имајќи го предвид однесувањето на ВРЕДИ воопшто, не е чудно што може да се случи. Но, можам да гарантирам за себе бидејќи за работите што тие ги имаат во раце не можам да им се мешам затоа што ако постапеа според она што јас го мислам, многу работи немаше да се случат до сега. Доколку пак решат така да се однесуваат, одговорноста ќе треба сами да ја сносат, но ги уверувам дека јас како претседател на комисијата нема да ја ставам таа точка на дневен ред се додека сум претседател.“, вели Даути.
Придонес за не ставање на оваа точка на дневен ред, велат, има и коалицијата ВРЕДИ. Пратеникот Ријад Шаќири за ТВ21 вели дека нивните реакции биле остри и поради тоа не е одлучено.
-Вчера, односно на пленарна седница беше на дневен ред и е додаден на дневен ред. Денеска во рамките на комисијата не е поставен дневен ред бидејќи нашите реакции беа остри и ќе бидат остри, се до моментот додека се најде генерално решение и за поранешните припадници на ОНА. Се сеќавам дека кога првпат беше усвоен овој закон, требаше во себе да ги содржи и припадниците на ОНА“, изјави Шаќири.
Иако и двете коалиции, и ВРЕДИ и Европскиот фронт на социјалните мрежи објавија дека го блокирале донесувањето на овој предлог закон во комисијата, пратеникот Ријад Шаќири вели дека всушност заслугата треба да ја имаат сите пратеници Албанци и никој не може да ја присвои.
-Никој не може да ги присвои заслугите во однос на овој закон дали да влезе во процедура или да не влезе во процедура. Заслугите се општи, секој пратеник Албанец кој е избран со албански гласови има национална обврска да го спречи овој закон-рече Шаќири.
Пратеничката Даути вели и дека таа како претседателка едноставно ја исполнила својата обврска како пратеник Албанец.
-Затоа што јас ја извршив само мојата должност како пратеник избран од албанскиот електорат и ги исполнив мојата задача и обврски. Всушност, денеска не го ставив на дневен ред законот за бранители, што од вчера можеше да го направи претседателот на Собранието, г. Африм Гаши-вели Даути.
И од Европскиот фронт и од коалицијата ВРЕДИ велат дека доколку се изгласа законот за „бранители“, тогаш тој треба да ги опфати и поранешните војници на ОНА, кои се државјани на Македонија.

