Иако останаа уште четири месеци до одржувањето на предвремените избори, веќе почнаа калкулациите меѓу политичките партии. Генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, во Клик Плус изјави дека добиле понуда за коалиција од СДСМ. Деталите се уште не се знаат бидејќи Алтернатива не прифатила да седне на маса со нив, рече тој.
-Имаме понуда од СДСМ да бидеме дел од таква коалиција. Има понуда за коалиција.
Н: Која е понудата?
-Тие се детали, ние не прифативме да седнеме и да дискутираме. Доколку си во разговори со некој стројник, нечесно е да седнеш и да разговараш со друг стројник.
Но, од СДСМ велат дека во партиските структури не е разговарано за понуда на СДСМ за Алтернатива.
Од Алијанса за Албанците велат дека веќе ги почнале преговорите со Алтернатива и Беса. Според портпаролот на АА, преговорите се движат на добар пат.
„Ние сме во постојани разговори. Преговорите се одвиваат добро и сметаме дека соработката ќе го даде ефектот што го посакуваат граѓаните. Ние сме уверени дека Алијанса за Албанците, како предводник на оваа измена, ќе биде победник на 12 април и конечно Албанците ќе и дадат легитимност на Алијанса за Албанците.“, рече Фљакрон Беџети од Алијанса за Албанците.
Овие изјави се дадени неколку дена пред формирањето на техничката Влада и четири месеци пред одржувањето на предвремените парламентарни избори, кои се закажани на 12 април 2020 година.