Која е најплатената музичарка за 2020 година?

Мега познатата американска поп – пејачка Тејлор Свифт се најде на врвот на Билборд топ лиистата како најплатена уметничка за 2020 година.

Нејзиниот приход за истата година бил над 23,8 милиони долари.

Тоа, сепак, е помалку за 99,6 милиони, кога последен пат беше на врвот на оваа листа, 2018 година.

Ова е првпат во историјата на музиката, турнеите на најуспешните уметници да не придонесат за тоа кој е на врвот на топ листите.

За своето прво место, Билборд проценува дека Тејлор заработила 10,6 милиони долари од стрим-услуги, 10 милиони од продажба на постари дела и 3,2 милиони од издавање нова музика.