Колку често треба да се бањаат бебињата и децата?

Мила Кунис и Ештон Качер споделија дека ги капат своите деца само кога се видливо валкани, па затоа меѓу родителите се разви и дебата за тоа дали тие се во право.

Имено, експертите велат дека новороденчињата и постарите бебиња не треба да се капат секој ден, но доколку уживаат во купката, нема причина зошто да не се практикува.

Тие велат дека наместо целото тело, треба да ги миете само лицето, вратот, рацете и интимните делови на детето.

За капење треба да одберете време кога бебето е будно и задоволно, а секогаш проверете дали просторијата во која ќе ги капете е топла. Користете сад со топла вода и пешкир, а потоа бебето ставете го во чиста пелена и облека.

Колку често треба да се капе вашето 5-годишно дете?

Експертот Џојс Френч вели дека за децата кои се до 5 годишна возраст се препорачува две до три бањи неделно.

Таа вели дека тоа е сосема доволно додека не тргнат во училиште, а препорачува, децата кои имаат проблеми со кожата, да се капат исклучиво само со вода, два до три пати неделно.

Дали детето може да се капе секој ден?

Доколку вие како мајка одлучите да го капете вашето бебе секој ден, и доколку нема медицински бариери што препорачуваат тоа да не се прави, секако капењето пред спиење е одличен начин да го опуштите вашето малечко.

„Тоа е одличен почеток на рутината за спиење, но родителите треба да бидат внимателни бидејќи премногу често капење или туширање може да ја наруши природната заштитна бариера на кожата и да доведе до сувост и иритација“, истакнува Џојс.

Таа ги советува родителите да создадат рутина и секогаш да го капат детето во исто време од денот.

„Може да биде и наутро, да се освежи после спиење, но повеќето родители сепак сакаат да ги капат своите деца навечер, затоа што топла бања го поттикнува спиењето“, додава експертот.

Таа, исто така, вели дека треба да се почека доволно долго после оброк пред да го ставите вашето дете во кадата.

„Обидете се да користите нежни производи без мирис за да спречите иритација на кожата на вашето бебе, бидејќи може да биде многу чувствителна. Ако е можно, треба да избегнувате сапун или да се одлучите за специјален детски сапун, кој ќе биде понежен за кожата“, советува таа.

Исто така, обрнете внимание на топлината на водата. За мали бебиња, се препорачува да биде помеѓу 35 и 37 степени.

За постарите деца и тинејџери, дневното капење или туширање е добро, и ако ја исуши кожата, на родителите им се советува да најдат добара крема за тело.