Колку чини најскапиот парфем на светот?

Францускиот бренд „Мореал Париз“ неодамна го претстави најскапиот парфем на светот – „Ле Монд сур Мажур“, префинет мирис во шише полуксузно од кое било претходно. Цената на еден парфем е 1,5 милиони долари.

Бројката е седумцифрена токму поради дизајнот на шишето, изработено од два килограми 18-каратно злато и од дијаманти.

Исполнет со заносна арома на париска роза и хималајски нероли, „Ле Монд“ е навистина посебен. Ќе биде достапен во пакувања од пет, седум и 10 литри, но и во шишиња од 300 милилитри, кои ќе бидат поевтини.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното