Колку пиењето вода со мраз е штетно за човековото тело?

За време на летниот период се препорачува да се пие повеќе вода, но многумина истото го практикуваат со ладна вода со коцки мраз, со цел побрзо да се освежат.

Експертите велат дека ладната вода негативно влијае на дигестивниот систем.

Имено, внатрешната телесна температура е околу 36 степени и затоа за нормална работа на телото треба да се пие вода со слична температура.

Стручњакот Сахара Роуз, од областа на традиционалната медицина, смета дека нашето тело троши многу повеќе енергија кога внесуваме ладна вода, оставајќи помалку енергија за умствените функции и крепост на телото.

„Кога внесуваме ладна вода во телото, доаѓа до стеснување на крвните садови, додека со пиење топла вода крвните садови се шират. Препорачливо е да се консумира потопла вода – тоа влијае и на варењето на храната“, вели Роуз.

Таа посочува дека доколку сме жедни, не е паметно да чекаме водата да достигне совршена температура, а хидрацијата е приоритет, особено за топлите денови и за оние кои напорно вежбаат.