Колони пред Министерство за економија за ваучери за инвертери, поднесени над 2.500 барања

Колона од граѓани има пред Министерството за економија што чекаат ред за ваучери за инвертер клими. Граѓани од утрово со саати чекаат да поднесат барање за ваучер од 23.000 денари со кој ќе можат да набават инвертер.

Министерството за економија огласот го објави во четвртокот и само за две дена се поднесени над 2.500 барања. Денеска според бројот на граѓани кои чекаат пред влезот на Министерството има најголема гужва.

Во буџетот на Министерството за економија за оваа намена се предвидени 4 милиони евра, што значи пари ќе има за околу 7.000 домаќинства.

Ваучерите ќе се делат по принципот прв дојден, прв услужен.

Министерството за економија истовремено распиша и оглас за избор на фирми од каде граѓаните ќе можат да купат инвертер со добиениот ваучер.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното