Колумна на Солева од ЕФИС: Како Французите ги описменуваат своите деца?

Вашето дете може паралелно да учи да се изразува и да пишува – и сето тоа уште пред да појде во училиште. Французите ова го прават паралелно и тоа е дел од причината за успехот на нивниот образовен систем. Според овој систем,  двете главни цели на одењето во градинка се стимулација и структурирање на усното изразување и, паралелно со тоа, постепено описменување.

Основен услов вашето дете да почне со читање и пишување е да се запознае со јазичниот принцип, односно да ја открие врската меѓу гласовите и буквите. Така тоа ќе разбере како усниот се трансформира во писмен исказ.  Тоа е долг процес кој градира во тек на трите години кои детето ги минува во француската градинка во склоп на Француското интернационално училиште во Скопје.

Воведот во пишување и читање се спроведува преку методи кои се основаат на игри со зборови. На почеток на Малата група во градинка, на тригодишна возраст, на детето му се нудат зборови кои му се блиски, на пример, активности поврзани со името на детето, потоа имињата на ликови од омилените сликовници кои му се читаат во градинка  или на предмети кои детето ги сака, па таквите зборови брзо ги памти и научува. Играта со овие зборови го охрабрува и му го буди интересот за пишаниот збор. Па така, преку игрови активности, на почетокот, тоа ќе ја согледа разликата меѓу цртеж, симбол и буква. Постепено детето ќе открие дека одредени знаци се разликуваат од други и дека секогаш имаат исто значење.

Следен чекор е препознавање на зборовите како слика. Како минува времето, јазикот се’ повеќе станува предмет на анализа за веќе во Средната група (на четири години) децата ги препознаваат зборовите со помош на други визуелни репери како на пример: почетната буква, должината на зборот, акцентот… за до крајот на Голема група, на предучилишна возраст, да успеат да ги препознаат зборовите според нивните звучни карактеристики.

Во ЕФИС, училиште единствено од својот тип во Македонија, децата веќе на предшколска возраст се добро запознаени со азбучниот принцип и имаат стекнато способност за идентификација на звучните единици на јазикот. Со ова знаење тие до завршување на градинката ги имаат своите први самостојни обиди за пишување.

Нашата програма покажува не само одлични резултати во однос на описменувањето, туку и во однос на усното изразување, развојот на аналитичко размислување, подобрување на вниманието и концентрацијата. Уште повеќе, се покажа дека интересот за пишаниот збор кој децата го стекнуваат во француската градинка продолжува и во текот на понатамошното школување.

Колумна на Калина Солева Героска, професорка во средна и голема група

www.efis.mk

Ставовите изразени во оваа колумна се лични ставови на авторот на оваа колумна и не ги одразуваат ставовите на членовите на редакцијата на 4NEWS.mk

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното