Јоханес Хан, евро-комесарот за проширување и политика на добрососедство, денеска ќе престојува во Приштина, каде што ќе одржи средба со косовскиот државен врв, со кој ќе разговара за царините кои Косово ги воведе за стоки од Србија и БИХ.
Пратениците на спрската листа кои се во Собранието на Косово, најавија дека ќе бараат средба со Хан, и покрај тоа што таа не е во агендата на евро-комесарот. Тие сакаат да го информираат Хан за проблемите со кои се соочува српското населени во тоа подрачје со воведувањето на царините за стоки.