Македонија

„Комисиијата за заразни болести подлегна на политички притисок“, вели Пановски по зголемувањето на нови случаи со коронавирус

Зголемувањето на бројот позитивни случаи со Ковид-19 е поради лошото управување на надлежните институции, вели микробиологот, Никола Пановски. Според него, Комисијата за заразни болести им подлегна на политичките притисоци со укинувањето на ограничувањата и покрај зголемувањето на бројот на заразени.

До крајот на следната недела, ќе се направи точна проценка дали полицискиот час го намалил бројот на заразени лица во земјата. Граѓаните го доживуваат вториот бран на пандемија со Ковид-19, а причината е непочитување на мерките и препораките, вели директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети.

А за изборите за кои добетираат политичките партии, Мемети вели дека тоа им го остава на политичките партии да одлучуваат и им препорачува да ја земаат предвид здравствената состојба на граѓаните.

Пановски вели дека во ваква ситуација тешко ќе се одржат изборите.

Додека државите од регионот се опоравуваат и почнаа да се враќаат во нормала, кај нас  има  рапидно зголемување на бројот на заразени.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни