„Комплетно гламурозна за избори“: Скопјанка во венчаница излезе да гласа!

Скопјанката Сандра Матеска покажа дека љубовта и граѓанската должност можат да одат рака под рака.

Имено, таа вчера (19 октомври), на денот на изборите, се појави на гласање — облечена во венчаница, со својот младоженец под рака.

„Комплетно гламурозна на гласање“, се пошегува Сандра на своето Инстаграм Стори, каде сподели момент од гласањето, облечена во бел невестински фустан и насмеана до уши.

По гласањето, парот го продолжи славјето во кругот на семејството и најблиските пријатели.