Наместо кафе, вечерва направете компот од јаболка и нема да погрешите
Состојки:
1 кг јаболка
1 л вода
80 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
цимет по вкус
Подготовка:
1. Измијте ги, излупете и извадете ги семките од јаболката и исечете ги на кришки, па ставете ги во литар врела вода. Додадете шеќер, ванилин шеќер и цимет. Гответе околу 15 минути.
2. Кога малку ќе се олади, додадете половина лимон исечен на прстени, за да го задржи витаминот Ц. Додадете неколку суви сливи или брусница, ако сакате, не е задолжително.
3. Совет: Овошјето секогаш гответе го исчистено, измиено и исечено во топла засладена вода за да не се распадне за време на готвењето.