Свет

Конклавата за избор на 267. поглавар на Римокатоличката црква почнува денеска

Конклавата за избор на 267. поглавар на Римокатоличката црква почнува денеска

Во Ватикан денеска ќе почне конклавата за избор на 267. поглавар на Римокатоличката црква, на која учествуваат 133 кардинали.

Пред почетокот на конклавата, во базиликата Свети Петар во Ватикан ќе се одржи свечена миса „Pro Eligendo Romano Pontifice“, предводена од деканот на Колеџот за кардинали, кардинал Џовани Батиста Ре, по што ќе следи ручек.

Учесниците на конклавата потоа ќе се соберат во Апостолската палата, од каде со химната „Вени Создател Спиритус“ ќе тргне свечена поворка кон Сикстинската капела, каде кардиналите ќе положат заклетва „да ја почитуваат најголемата тајност во однос на се што на кој било начин се однесува на изборот на римскиот понтиф“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни