Одбележувајќи 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје, Europe House објавуви архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“. Од делегацијата ан ЕУ ги повикуваат сите младите архитекти и урбанисти да донесат свежи идеи што ќе го трансформираат Скопје во поинклузивен и попристапен град.
Овој конкурс е повеќе од натпревар за најдобар дизајн; тој е мисија да се подобрат запоставените простори и да се направи градот подобар за сите.Конкурсот дава можност да внесете нов живот во старите и заборавени градски делови“, велат од делегациојата на ЕУ во земјава.
Трудовите ќе ги оценуваат експерти од престижни образовни институции, како што се Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), МИТ Универзитетот, Факултетот за општествени науки (ФОН) и Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. За првонаградените ќе бидат доделени награди до 1.500 евра.
Конкурсот е отворен до 22 октомври.