Советот на Град Скопје денеска ги доби новите 44 советници. На конститутивната седница, со 23 гласа „ЗА“, за нов претседател на Советот беше избран професорот Даме Димитровски.
Седницата, со која претседаваше најстариот советник, Ристо Пенов, помина со верификација на мандатите, но и со една замена. При верифицирањето, беше забележано отсуството на еден советник од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Јаневски. Истовремено, Мартин Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во меѓувреме стана пратеник во републичкото Собрание, беше заменет со Никола Стојковски.
Изборот на Димитровски за претседател предизвика и прва реакција меѓу советниците на самата седница.
Според новиот состав, Советот на Град Скопје ќе го сочинуваат:
- 18 советници од ВМРО-ДПМНЕ
- 6 советници од НАИ
- 6 советници од ВРЕДИ
- 6 советници од Левица
- 1 советник од движењето ЗНАМ
- 1 советник од „Искуство за успех“
- 2 независни советници
Следната седница на Советот на Град Скопје е закажана за во понеделник.