Претседателот Зеленски изјави дека украинските трупи постигнале напредок во контраофанзивата на два фронта, вклучително и кај Бахмут.
Во исто време, висок американски воен функционер изјави за Би-Би-Си дека контраофанзивата има можност за значителен напредок околу еден месец пред да се влоши времето.
И утрово Украина беше под оган. Во Кривји Рих повторно се забележани експлозии.
И германскиот министер за надворешни работи утрово пристигна во Киев. Ова е четврто гостување на Аналена Бербок.