Медицинските експерти изразуваат загриженост за мешавината на сол за капење што Меган Маркл ја направи за гостите во нејзиното шоу „Loving, Meghan“.
Во првата епизода од шоуто, Меган покажа како се прави сопствена смеса за капење, но експертот за нега на кожата направи специјално видео за да ги предупреди гледачите за рецептот.
Меган користела сол од Епсом, хималајска сол, масло од арника и масло од лаванда.
Но, експертите забележуваат дека Маркл не успеала правилно да ги измери состојките, а на прашање на член на персоналот за количеството, таа само одговорила: „Сосема многу“.
Експертите велат дека војвотката од Сасекс не додава „базно масло“ на есенцијалните масла каде состојките се мешаат најмалку осум спрема еден. Наместо тоа, Меган додава капки масло од лаванда и арника директно во солта.
“Не го пробувајте ова дома! Не можете само да ставате есенцијално масло во нешто. Се што направила, тргнете го од вашата глава. Според она што го видов, таа воопшто не ги разбира есенцијалните масла. Затоа само бидете внимателни. Само внимавајте…”, рекла Џенифер Кристоферсон, пренесува Daily Express.
Шоуто на Меган излезе пред неколку недели, а гледачите од ден на ден забележуваат шокантни детали.